“Известија”: Србите нема да дозволат новиот претседател да ја дистанцира земјата од Русија

“Известија”: Србите нема да дозволат новиот претседател да ја дистанцира земјата од Русија

 

Во Србија на 2 април ќе се одржат претседателски избори, на кои според прогнозите, победата може да ја задржи сегашниот премиер Александар Вучиќ, пишува во петокот рускиот весник “Известија”.

 

Охрабрувајќи ја политиката на интеграција со Европската унија и истовремено тесна соработка со Руската Федерација, тој ја има поддршката како на прозападниот, така и на прорускиот електорат.

 

Во случај на победа од Вучиќ неизбежно ќе се бара да се движи меѓу двете страни односно да води политика на рамнотежа помеѓу двата надворешно-политички фактори.

 

На овој начин потенцијалниот претседател на Србија ќе ја зајакне соработката со ЕУ, но со тоа сериозно ќе се спротивстави со спротивната страна на општеството, која иднината на земјата ја гледа во соработка со Москва.

 

Високите шанси за победа на Вучиќ се условени од два фактори. Тој ја поддржува идејата за влез на Србија во ЕУ, а тоа исто така го чувствуваат 47 отсто од граѓаните на земјата.

 

Покрај тоа, таквиот пристап на актуелниот премиер му гарантира поддршка и од Брисел. Во исто време сите негови изјави и дејствија зборуваат за желба за градење на блиски контакти со Русија.

 

На пример, во српските медиуми се дистрибуирани информации дека Александар Вучиќ пред изборите ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин – потег кој може да му гарантира широка поддршка и од страна на српските гласачи.крај/мф/кс