„Коммерсант“: Косово се спротивстави на САД и НАТО

„Коммерсант“: Косово се спротивстави на САД и НАТО

 

Србија и Косово повторно се на работ на сериозен конфликт, пишува рускиот весник “Коммерсант” во понеделникот.

 

Косовскиот претседател Хашим Тачи најави создавање на армија и покрај одредбите на Уставот и неодобрувањето на САД и НАТО.

 

Во одговор на тоа, Србија во понеделник ќе свика вонредна седница на Совет за безбедност. Небаре за првпат во спор меѓу Белград и Приштина, Западот застана на страната на Србија.

 

„Патот назад нема. Силите за безбедност на Косово треба да се трансформираат во армија “, објави на крајот на минатата недела Хашим Тачи. Во одговорот на тоа, претседателот на Србија, Томислав Николиќ свика вонредна седница на Советот за безбедност, на кој ќе се разгледуваат односите со Косово.

 

Дипломатски извор во една од балканските престолнини објасни реакцијата на Западот кон иницијативата на Приштина: “НАТО засега не е подготвена да го напушти Косово и да го предаде на локалните сили сите безбедносни прашања. Западот поаѓа од тоа дека не е дојдено времето за создавање на косовска армија, тоа може да стане катализатор на нови тензии”./мф/кс