МАКФАКС

Мустафа: Не даваме ниту еден хектар во замена за визната либерализација

Мустафа: Не даваме ниту еден хектар во замена за визната либерализација
22.01.2017, 15:10

 

Косовскиот премиер Иса Мутафа изјави дека Косово нема да даде ниту еден хектар своја земја за да добие либерализација на визниот режим во ЕУ, пренесуваат косовските медиуми.

 

Мустафа за приштинскиот весник „Фјала“ нагласува  дека демаркацијата на границата на Косово со Црна Гора ќе се реши брзо, но според него Косово нема да даде ниту еден хектар земја од својата територија.

 

„Никој нема право да ги држи граѓаните на Косово во заложништво бидејќи нив им следи либерализацијата  со земјите на ЕУ“, вели Мустафа, додавајќи дека српскиот воз бил провокација на Белград за Косово и дека Косово докажало дека е „самостојна држава“./крај/мф/мн

 

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *