Рама до САД: Не го оставајте Балканот на Русија

Рама до САД: Не го оставајте Балканот на Русија

 

Балканот е во опасност да потпадне под руско влијание доколку администрацијата на американскиот амбасадор Доналд Трамп го игнорира регионот, предупредил албанскиот премиер Еди Рама во интервју за британски Telegraph.

 

Според Рама, без американска поддршка, „Балканот нема да биде место каде што има мир и соработка“. „За САД овој регион е доста важен стратешки и САД се доста важни за нас исто така“, додал албанскиот премиер.

 

Рама исто така додал руското влијание во регионот веќе е големо. „Русија е заинтересирана за да го зголеми своето влијание и таа веќе има големо влијание во регионот“, рекол Рама. Telegraph исто така пишува дека со оглед на вмешаноста на Русија во постизборните случувањата во Црна Гора, постојат стравувања дека незаинтересираноста на Вашингтон за регионот само ќе ја охрабри Москва./крај/мф/бс