МАКФАКС

Рама: Парламентарните избори во јуни ќе се одржат и без учеството на опозицијата

Рама: Парламентарните избори во јуни ќе се одржат и без учеството на опозицијата
20.03.2017, 11:09

 

Албанскиот премиер Еди Рама во неделата изјавил дека парламентарните избори закажани за 18-ти јуни ќе се одржат дури и ако опозицијата не учествува во нив, пишува весникот Albanian Daily News.

 

Во своето неделно обраќање до граѓаните Рама истакнал дека протестите на опозицијата се вештачки, „каква што е и политичката криза во земјата“.

 

„Дури и доколку опозицијата ги бојкотира парламентарните избори, тоа ќе биде голема грешка и огромно прекршување, и ние никогаш нема да се приклучиме кон тоа. Ние ќе го испочитуваме датумот за парламентарните избори и ветуваме дека ќе направиме повеќе за албанските граѓани во иднина. Сега не е март 1997-ма година, Албанија на новата генерација не може да биде сопрена“, истакна албанскиот премиер./крај/мф/бс

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *