МАКФАКС

Тачи тврди дека Белград под притисок ќе дозволи формирање на војска на Косово

Тачи тврди дека Белград под притисок ќе дозволи формирање на војска на Косово
20.03.2017, 17:49

Косовскиот претседател Хашим Тачи оцени во понеделник дека Белград би можел да се согласи на формирање на војска на Косово бидејќи меѓународната заедница, доколку сака, би можела да го убеди „за пет минути“.

Тачи повтори дека создавањето ан Војска на Косово е „пат од кој нема враќање“, а под знак прашалник е дали тоа ќе се случи преку измени на Уставот на Косово или со промена на законот.

„Белград го држи Косово како заложник и неоправдана е дилемата на меѓународната заедница да ги увери косовските Срби мандатот на безбедносните сили да се промени со измени на Уставот“, рече Тачи. /крај/он/ст

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *