Тајани: На Балканот се нарушени демократијата и стабилноста

Тајани: На Балканот се нарушени демократијата и стабилноста

 

Претседателот на Европскиот парламент (ЕП), Антонио Тајани во четвртокот на почетокот на самитот на ЕУ во Брисел изјавил дека во некои земји од Западен Балкан се нарушени демократијата и стабилноста, пренесуваат светските агенции.

 

Тајани на почетокот на заседавањето на шефовите на држави или влади на земјите-членки на ЕУ рекол дека „ЕУ во минатото била светилник за многу земји и тоа мора да биде така и за сите земји од Западен Балкан“.

 

„Но, во некои од тие земји се воочуваат алармантни знаци, бидејќи стабилноста и демократските процеси се загрозени“, предупредил Тајани.

 

„Тука Европа мора да го покаже своето лидерство, да остане на нормите и да се изрази голем степен на единство“, рекол претседателот на Европскиот парламент.

 

„ЕП целосно е посветен на политичката и економската соработкасо тие земји, а нашата цел и понатаму останува тие да станат дел од ЕУ“, рекол тој./крај/мф/бс