Хашим Тачи: Косово ќе изгради својата армија во соработка со меѓународните фактори

Хашим Тачи: Косово ќе изгради својата армија во соработка со меѓународните фактори

 

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави во понеделникот дека Косово ќе има своја армија, но во согласност и со соработка со меѓународните фактори, пренесе Радио “Слободна Европа”, цитирајќи го интервјуто на Тачи дадено за емисијата “Слободно на српски” на Медиумскиот центар во Чаглавица (една од општините на Косово, каде се уште живеат Срби).

 

Хашим Тачи предупреди дека “властите ќе работат со сите меѓународни партнери и ќе ги  направат сите потребните уставни промени, но ако Србија продолжи да им се заканува косовските Срби и да не им дозволува да учествуваат во работата на Собранието, ќе се префрлат на реализацијата на Планот “В” за постигнување на своите цели “.

 

Косовскиот претседател ги повикал претставниците на српската заедница да се вратат во институциите и во органите на централната и локалната власт.