МАКФАКС

Ципрас ја прашува ЕК дали европското право важи за сите земји или само за Грција

Ципрас ја прашува ЕК дали европското право важи за сите земји или само за Грција
24.03.2017, 09:39

 

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во четвртокот испратил писмо до претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во кое го прашува дали европското законодавството, без исклучок важи за сите земји-членки на Европската унија или постои право кое е применливо само кон Грција. Ова во петокот го пренесе онлајн изданието EurAcriv.

 

Писмото на Ципрас, исто така е упатено и до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, премиерот на Малта Џозеф Мускат и до италијанскиот премиер Паоло Џентилони. крај/мф/кс

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *