Регион
Бугарија оди на предвремени избори на 26-ти март
Бугарскиот претседател Румен Радев објави во вторникот дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 26-ти мат, а за преоден премиер го именуваше поранешниот претседател на Националното собрание, Огнен Герџиков.
Професор по право и претседател на арбитражниот суд 70-годишниот Огнен Герџиков беше претседател на парламентот во периодот од бугарската влада од центарот од 2001 до 2005 година.
Кирил Ананиев, 61-годишен сегашен заменик министер за финансии задолжен за буџетот треба да го преземе министерството за финанси до новите избори.
Претседателот Румен Радев, кој претходно во јануари ја положи свечената обврска, распиша предвремени избори откако во ноември 2016 година, по неговата победа на претседателските избори на кои беше поддржан од Бугарската социјалистичка партија (БСП), премиерот Бојко Борисов од десниот центар Граѓани за европска Бугарија (ГЕРБ) си го одржа ветувањето и поднесе оставка.
Главната задача на преодната влада е да го осигури чесното одржување на изборите и фискалната стабилност на земјата во претстојниот период.
Владата на Борисов го зголеми економскиот раст и ја намали невработеноста и фискалниот дефицит, но не постигна позначителни резултати и во справувањето со корупцијата, што ги огорчи гласачите во земјата најсиромашна членка на Европската унија.
Според процените, новите парламентарни избори, трети по ред од 2013 година, нема да донесат силно владејачко мнозинство кое може да спроведува правосудни, економски и други реформи неопходни за напредувањето на земјата. Според анкетите, ГЕРБ има тесно водство пред БСП./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.