Регион
Експлозија во воена фабрика во Крагуевац, најмалку 20 повредени се стравува и за жртви
Најмалку 20 луѓе се повредени но се стравува и дека има жртви во експлозијата и пожарот во вторникот во воена фабрика во српскиот град Крагуевац, јавуваат во вторникот попладнето српските електронски медиуми.
Експлозиите и пожарот се случиле во одделот за ремонт ан муниција, а се сомнева дека во несреќата има поголем број повредени, но за жал и жртви, бидејќи од детонацијата и пожарот кој потоа се проширил се урнал покривот на погонот, но тоа засега не е потврдено.
Првата експлозија одекнала околу 13,30 часот во Техничко-ремонтниот завод во Крагуевац, потврди министерот за одбрана Зоран Ѓоргевиќ на прес-конференцијата во Белград, посветена токму на воената или ткн наменска индустрија.
Податоците коишто досега ги имаат властите по првата експлозија немало настрадани. Меѓутоа, малку по 15 часот се случила уште една експлозија во којашто, според дописникот на Радио-телевизија Србија (РТС), има најмалку дваесет повредени.
Според порталот на дневниот весник Политика, за разлика од првата експлозија била слаба, така што жителите на Крагуевац ниту ја слушнале, втората била толку силна што „се затресе целиот град“/
Медиумите јавуваат дека кон приодите кон Техничко-ремонтниот завод има упатено многу возила на итната медицинска служба. Повредените се пренесуваат во Клиничкиот центар во Крагуевац со цивилни и воени амбулантни возила, а во гасењето на пожарот се ангажирани повеќе од 40 пожарникари на кои им помагаат припадници на Војската на Србија и вработени во заводот.
Според досегашните сознанија во текот на гаснењето на пожарот кој избувнал околу 13,20 часот, дошло до експлозија. Медиумите прецизираат дека пожарот избувнал во објектот „А 28“.
Министерот за одбрана Зоран Ѓоргевиќ и министерот за материјални ресурси Ненад Милорадовиќ се во Крагуевац, а до крајот на денот се очекува официјално соопштение на минситерството./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.