Регион
Малта останува посветена на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан
Процесот на проширување на Европската унија продолжува, а политиката на Малта е таква што таа поддржува цврсто и фер условување и напредок врз основа на постигнувањата на секој од кандидатите или пак потенцијалните кандидати за членство, вели шефот на дипломатијата на Малта, Џорџ Вела во интервју за порталот European Western Balkans (EWB).
„Во неколку наврати имав можност да посетам неколку земји од Западен Балкан, каде повикав на континуирани реформи и добрососедски односи, нешто што на крајот ќе донесе и членство во ЕУ. Мојата последна посета беше во Босна и Херцеговина и таму го повторив ова, односно потенцирав дека во ЕУ нема заморување од процесот на проширувањето“, вели тој.
Според малтешкиот министер, главните предизвици во поглед на овој процес се однесуваат на спроведувањето на неопходните реформи. „Малта исто така помина низ овој процес скоро, пред да стане членка на ЕУ во 2004-та и можам да кажам дека работата која треба да се заврши во спроведувањето на реформите, процес кој некогаш е и доста болен, бара посветеност и упорност. Покрај техничките предизвици во поглед на усвојувањето на европското законодавство, земјите во овој регион мораат да погледнат преку минатото и сегашните тензии и поделби, и да вложат во хармонизирање на регионалната интеграцијата како нивна главна цел“, потенцира Вела.
Запрашан околу тоа какво влијание има големината и бројот на населението на една земја кога станува збор за членство во ЕУ, Вела порачува дека на крајот од денот она што е битно се „визијата и резултатите“ што ги демонстрира секоја поединечна земја, а не нејзините физички карактеристики.
„Доколку има една лекција којашто може да се научи преку членството во ЕУ, тоа е дека големината на земјата не ги диктира резултатите кои таа може да ги оствари. Во поглед на искуствата на Малда, големината на нашата земја, или пак бројот на населението не се покажа како препрека во правењето на предлози и активното учество во европската политика, или пак и во бранењето на сопствените црвени линии кога тоа беше потребно. Многу често ограничувањата си ги наметнуваат самите земји, и на крајот она што е погласно се визијата и резултатите, отколку физичките карактеристики на земјата“, порачува шефот на дипломатијата на Малта во интервјуто за EWB./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.