Регион
Николиќ на САД им порача дека „создале многу неволји“ поради Косово
Српскиот претседател Томислав Николиќ изјавил дека разбира оти САД безусловно го поддржува Косово, за чие создавање и директно влијаеле, но дека преку спроведувањето на својата волја „создале многу неволји“, и се надева оти новата американска администрација ќе престане „да се однесува на тој начин“, пренесуваат српските медиуми.
На средбата со американскиот амбасадор во Србија, Кајл Скот, Николиќ констатирал дека двете земји се на патот на опоравување на билатералната соработка и изразил очекување дека со новата администрација, „односите меѓу двете земји ќе добијат нов контекст“.
„Меѓу граѓаните постои сомнеж дека Србија може да има еднаков третман како и некои други земји, за кои се чини дека има подобра перцепција во очите на САД“, нагласил српскиот претседател и додал дека однесувањето на Приштина во врска со возот кој во саботата тргна од Белград кон Косовска Митровица, е „целосно неприфатливо“.
„За Албанците провокација е возот украсен со српски обележја и кон тој воз се упатија со бомби и пушки, без одобрување на КФОР. Никој не го поставува прашањето дали е провокација тоа што низ територијата на Косово одат со обележја на голема Албанија и јавно ја промовираат таа бесмислена идеја“, рекол Николиќ.
Српскиот претседател додал дека Србија никогаш нема да ја признае независноста на Косово, без оглед на притисоците од страна на големите сили кои ја „промовираат таа независност“. Американскиот амбасадор Скот, пак, се согласил оти двете страни не можат да се убедат една со друга околу статусот на Косово и потенцирал дека во случајот со возот, не се работи за транспорт, туку „согласност околу влегување и движење низ Косово“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Конфликт меѓу српска ТВ-екипа и вујкото на Данка: „Удри го, добро е за рејтингот“
Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ, а на социјалните мрежи е објавено скандалозно видео снимено пред куќата каде што исчезна девојчето, објави хрватски „Индекс“.
Новинар и снимател на српски „Информер“ пристигнале пред куќата на вујкото на Данка, каде што се случил помал инцидент. Пред нив излегол маж, кој се претставил како вујко на Данка, и им рекол да си одат оти немаат причина да бидат пред куќата.
Им рекол да ја исклучат камерата или ќе повика полиција. Репортерот и снимателот не го послушале, а најскандалозниот дел од целата ситуација е што водителите во студиото предложиле нивната екипа да го удри вујкото на Данка и дека тоа би било добро за рејтингот.
Mučna situacija svakako, otišli da snimaju porodičnu kuću nestale devojčice. Pojavio se njen ujak i negoduje.
Poslušajte razmišljanje i želju urednika iz studia, od 0:52 do 1:03.
Prokletnici. pic.twitter.com/YnJDuXKV6W— 𝙁𝙀𝙍𝙈𝘼𝙉 (@Fermantwiit) March 27, 2024
Од студиото на ТВ „Информер“ во еден момент велат: „Удри го Рафа, удри го!“ и додаваат дека ќе биде добро за „шерот“ (удел во вкупна ТВ-гледаност).
„Сега кога Рафа ќе го забоде, ќе видите“, велат од студиото, се слуша во директниот пренос.
Регион
(Видео) Снимка од приведувањето три лица во БиХ, кои на „Тик-ток“ објавија дека ја држат Данка
Тројца мажи, кои синоќа беа уапсени од Федералната полициска управа (ФУП), а по наредба на српската полиција, синоќа се донесени во просториите на ФУП во Сараево на понатамошна обработка.
Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Република Србија, Управата за технологија, уапси три лица што се сомничат дека преку социјалната мрежа „Тик-ток“ објавиле дека се поврзани со исчезнување на девојчето Данка Илиќ.
Уапсени се Б. Т. (2002), М. Т. (2001) и З. Т. (1972). Полицијата извршила претрес и утврдила дека информациите што ги дале се лажни.
Во текот на ноќта тројката заедно со Хаџиќ се донесени во просториите на ФУП, каде што потоа ќе бидат предадени на надлежниот обвинител за понатамошна постапка, а видеото од нивното приведување го објави Министерството за внатрешни работи на Србија.
Регион
Два силни земјотреса го погодија југот на Грција
Земјотреси со јачина од 5,7 и 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово го погодија југот на Грција, соопшти Геодинамичкиот институт во Атина.
Земјотрес со јачина од 5,7 степени се случи во 9.12 часот на подрачјето на Јонското Море, а минута претходно е регистриран земјотрес со јачина од 4,3 степени, пренесува „Катимерини“.
Двата земјотреса беа почувствувани во многу региони на Грција, вклучувајќи ја и Атика. Професорот по динамичка тектоника и применета геологија, Ефтимис Лекас, на платформата Х напиша дека нема повредени и дека не е причинета штета, а директорот на Геодинамичкиот институт, Атанасиос Ганас, рече дека причината што нема материјална штета е тоа што зградите во областа се изградени според строги антисеизмички прописи.
Ганас изјави дека земјотресот со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала бил на длабочина од 20 километри, во централното Јонско Море, на допир на евроазиската и африканската плоча. Жителите од погодените подрачја велат дека противпожарните патроли ги утврдуваат сите проблеми предизвикани од земјотресите.