Регион
Белград потврди дека еден од осомничените терористи бил регистриран при влез од Македонија
Министерството за внатрешни работи на Србија потврди во неделата дека еден од осомничените терористи за масакрот во Париз бил регистрирана на почетокот од октомври на граничниот премин Прешево, при влегување од Македонија, и оти барал азил.
Еден од осомничените терористи А.А, за кој се интересираат француските безбедносни служби, е регистриран на граничниот премин Прешево н а7-ми октомври, каде формално побарал азил, соопшти српското МВР.„Со проверки е утврдено дека неговите податоци се совпаѓаат со податоците на лице коешто на 3-ти октомври е идентификувано во Грција. За тоа лице немало распишано потерница на Интерпол“, се додава во соопштението и се додава дека ќе продолжи соработката со француските безбедносни служби.Белградскиот весник Блиц објави дека „еден од терористите кои сееше смрт во Париз ја минал целата балканска мигрантска рута со сириски пасош на име Ахмед Алмухамед.„Врз основа на овој пасош, француските безбедносни служби побарале помош од Србија, бидејќи знаат дека нашите служби ги регистрираат сите имигранти коишто влегуваат во Србија и имаат најкомплетна база на податоци за имигрантите на балканската рута“, тврди весникот. Во Србија ја минал проверката и сигурно е утврдено дека не бил вооружен, се додава во написот.Атина во саботата објави дека станува збор за пасош на човек кој влегол на територијата на Грција на 3-ти октомври. . Сопственикот на сирискиот пасош најдено на тело на бомбаш самоубиец кој учествувал во нападите во Париз, во октомври минал низ Грција, соопшти грчкиот министер за заштита на граѓаните, Никос Тоскас.Според пишувањата на хрватските медиуми, истиот пасош кој е најден во Приз е регистриран и на преминот Опатовац. Весникот Jutarnji list пишува дека „доколку пасошот не е фалсификуван, тоа лице ги минало сите процедури како и секој друг имигрант“. Засега нема информации од македонското министерство за внатрешни работи во врска со имигрантот кој, како што тврдат српските власти на нивната територија влегол од македонска страна, но може да се претпостави дека бидејќи немал проблеми при влезот на грчка територија и не бил баран од Интерпол, со истиот пасош ја минал вообичаената процедура и при влезот од Грција за неколку часа ја минал земјата и се префрлил во соседна Србија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.