Регион
Белград: Затворањето на преминот е некоректен потег на Хрватска која не е во криза
Затворањето на граничниот премин Бајаково-Батровци за камионите од Србија во Хрватска, е многу некоректен потег на хрватската страна о не придонесува за добрососедските односи, а секако нема врска со решавањето на бегалската криза, оцени во понеделникот српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.
„Очигледно е дека Хрватска не се снаоѓа во решавањето на проблемот кој го наметна бегалската криза, а сега очигледно е дека тоа се префрла и на политички терен“, изјави министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ за утринскиот дневник на Радио-телевизија Србија (РТС), коментирајќи го затворањето на граничниот премин Бајаково-Батровци од хрватската страна, и изјавата на неговиот хрватски колега Ранко Остојиќ.
Остојиќ имено во неделата рече дека „заедно дејствуваат сојузниците на унгарскиот премиер Виктор Орбан, српскиот министер Александар Вулин и Томислав Карамарко во Хрватска“. „Тоа е иста екипа, истите зборови против владата на Хрватска ги користат сите тројца“, изјави Остојиќ, оценувајќи дека во Хрватска дејствувал „штаб за хистерија“ предводен од челникот на ХДЗ, Томислав Карамарко кој покрај Орбан и Вулин ги нарече „пионери на Милошевиќ кои заедно продуцираат ваква хистерија“ и кои „со сила, жица и оружје се обидуваат да ја решат работата“.
„Изјавите на хрватските колеги ги разбирам како изјави на луѓе коишто не се снаоѓаат најдобро во кризата“, изјави Стефановиќ, оценувајќи дека „би било подобро Хрватска наместо затворање на премините би требало да ја насочи таа енергија во решавањето на проблемот со бегалците“.
Српскиот министер за внатрешни работи изрази увереност дека „и во Хрватска ќе има слух за решавањето на проблемот, бидејќи со Унгарија брзо беше постигнат договор“ за отворање на граничните премини Хоргош 1 и Хоргош 2, од кој првиот во неделата свечено повторно го отвори со унгарскиот колега.
„Доколку хрватската страна не биде подготвена за договор, ни можеме само да очекуваме дека Европа ќе реагира, бидејќи се кршат меѓународните договор“, додаде Стефановиќ.
Хрватските гранични власти објавија дека од полноќ кон понеделник го затворија за товарен сообраќај преминот Бајаково, единствен на границата со Србија кој остана отворен од почетокот на бегалската криза, што создаде колони на автопатот од српската страна долга десетина километри и го отежна нормалниот сообраќајот./крај/мф/сн
Извор: РТС/Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ: Србија не е експериментално тело па на неа постојано да се крши меѓународното право
Министерот за надворешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека е срамно што Комитетот за политички прашања на Советот на Европа (СЕ) ја прифати препораката дека Косово ќе биде примено во Советот на Европа, и дека е спротивно на сите принципи на кои почива таа организација и посочи дека Србија не е „експериментално тело“ па на неа постојано да се крши меѓународното право.
„Првпат се препорачува членство на територија која не е меѓународно признаена, која не е членка на ОН. За да се постигне тоа се обидуваат да најдат оправдување и да кажат дека тоа не го прејудицира статусот, а потоа во втората реченица велат дека тогаш ставот на СЕ престанува да биде статусно неутрален“, рече Дачиќ.
Регион
Откриено кој го возел „пунтото“ во моментот на исчезнувањето на Данка
Кој го управувал автомобилот „пунто“ е откриено од видеото во случајот со исчезнувањето на девојчето Данка.
Преземено е видео од надзорната камера лоцирана во дворот на куќата на сосетката Јасмин Стојадиновиќ од Бањско Поле, која била прегледана од полицијата во текот на истрагата за исчезнувањето на Данка Илиќ (2) од Бор.
На видеото се гледа зелен автомобил „пунто“, кој во моментот на исчезнувањето на девојчето се движел по улицата со голема брзина. Возилото наводно било управувано од маж. Сепак, оваа информација не го олесни пребарувањето многу. Познато е дека бил сослушан во полиција.
Утврдено е дека се работи за сосед што живее недалеку од местото на кое исчезна Данка Илиќ. Според информациите, мажот бил во алкохолизирана состојба и возел со голема брзина.
Девојчето исчезна на 26 март во 13.45 часот.
Регион
Багер пристигна пред куќата на исчезнатата Данка: полицијата го блокира пристапот
Полициски екипи ја опколиле куќата на семејството Илиќ во Бањско Поле, а пред неа пристигнал багер, објави српски „Телеграф“.
Според медиумот, сè уште нема официјални информации зошто е донесен багер, а нивниот репортер јавува дека полицијата отвора шахти околу куќата на семејството Илиќ.
Како што пренесуваат, полицијата и работниците од ЈКП од утрово го расчистуваат теренот.
Двегодишната Данка исчезна во моментот кога мајка ѝ му давала вода на другото дете. Носела виолетови панталони, маслинеста јакна, а косата ѝ била врзана во опавче. По исчезнувањето на Данка, првпат во Србија беше ставен во употреба системот „Најди ме“.
По девојчето 27 часа трагаа припадници на жандармеријата, полицијата, пожарникари, спасувачи, како и многубројни мештани. По 27 часа, српската полиција го прекина пребарувањето на теренот во Бањско Поле.