Регион
Ципрас: Европа не знае да ја реши сопствената должничка криза
Грчкиот премиер Алексис Ципрас е уверен оти во наредните два до три дена ќе се испочитуваат обврските кои се во најдобар интерес на Грција и еврозоната, до кога истекува и рокот кои го поставија лидерите на еврозоната, пренесуваат светските агенции.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас е уверен оти во наредните два до три дена ќе се испочитуваат обврските кои се во најдобар интерес на Грција и еврозоната, до кога истекува и рокот кои го поставија лидерите на еврозоната, пренесуваат светските агенции.
Говорејќи во средата пред Европскиот парламент во Стразбур, ден откако лидерите на еврозоната и поставија на Грција ултиматум за до крајот на неделата да достави нов пакет на реформи за можното продолжување на преговорите за финансиската помош на земјата, Ципрас порачал дека од страна на грчкиот народ добил мандат за да ги зголеми напорите за пронаоѓање на економско и социјално одржливо решение за проблемите на земјата.
„Повеќето Грци едноставно немаат избор освен да бараат да им се даде решение, излез од проблемите. Бараме договор со нашите европски соседи, но не било каков туку договор кој ќе биде знак дека Грција излегува од кризата и дека на крајот од тунелот во кој се наоѓаме ќе се појави светлина“, рекол Ципрас, додавајќи дека тоа мора да биде договор кој ќе содржи многу поприфатливи реформи од оние кои кредиторите во моментов ги нудат.
„Мојата влада и јас на власт дојдовме пред пет месеци и целосно ја преземам одговорноста за тоа што се случи во тој период. Но да бидеме искрени, проблемите на грчката економија не датираат од последните пет месеци, туку во последните пет ипол години“, објаснил Ципрас и додал дека предложените реформите се неподносливи за обичните граѓани.
„Сакаме договор кој ќе подразбира кредибилни реформи, со најмалку што е можно рецесивни мерки и со агенда на раст. Нашиот предлог предвидува реструктурирање на долгот, нешто што не смееме да го сметаме за табу тема“, рекол грчкиот премиер.
Според него, отпишувањето на долгот не преставува одземање на парите на европските кредитори.
„Парите од кредитите воопшто не стигнаа до грчкиот народ. Тие пари и беа дадени на Грција за да се спасат странските банки во нашата земји. За евроските проблеми е потребно европско решение“, рекол Ципрас пред европските пратеници.
На оваа изјава на Ципрас, жестоко изреагирал пратеникот од редовите на Европската народна партија, (ЕПП), Манфред Вебер, кој упатил критики до Ципрас.
„Господине Ципрас, ви аплаудираат европските екстремисти. Опкружени сте со погрешните пријатели. Не ги лажете луѓето. Отписот на долговите нема да им штети на банките, туку на медицинските сестри во Словачка и на административните работници во Финска“, рекол Вебер, алудирајќи ја заемите кои овие две земји и ги дале на Грција, а од чие враќање, барем засега нема ништо.
Претходно и европските лидери, претседателите на Европската комисија и Европскиот совет, Жан-Клод Јункер и Доналд Туск порачаа дека не треба да се разгледува сценариото за излегувањето на Грција од еврозоната, но и дека решението мора да се најде во следните неколку денови. Самитот пак на кои лидерите на сите 28 земји членки на ЕУ ќе расправаат за состојбата во Грција, ќе се одржи во недела./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.
Регион
Словенечката опозиција бара истрага за случаите со крадење бебиња во Југославија: „Можеби се продадени повеќе од 20.000 деца“
Опозициските партии во Словенија поднесоа барање за парламентарна истрага за потенцијалното учество и одговорност на јавните службеници во случаите на кражба на деца во таа земја во периодот од 1965 до 1991 година, изјави денеска пратеничката на Словенечката демократска партија (СДС) Аленка Јерај.
„Во таканаречената трговија со бебиња, којашто се случуваше воглавно во 70те и 80те години во поранешна Југославија, повеќе од 20.000 деца можеби се продадени“, рече Јерај и додаде дека се соработува со српските друштва за овие случаи, пренесе СТА.
Овој проблем минатата година словенечкото здружение на родители на украдени деца го презентираше до собраниската Комисија за претставки, човекови права и еднакви можности со пропратна документација, а министерката за внатрешни работи Татјана Бобнар тогаш вети дека надлежните служби ќе направат се во нивната моќ.
Јерај изјави дека надлежните не презеле ништо, наведувајќи дека медицинскиот персонал инволвиран во неколку случаи на кражба на бебиња не бил вклучен во полициската истрага, а полицијата не ја презела документацијата од здружението на родители.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб претходно оваа недела истакна дека 45 од 59 случаи на сомнителни кражби на бебиња се веќе затворени.