Регион
Ердоган го осуди нападот во Анкара со 86 мртви PKK ги прекинува герилските активности
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган остро го осуди двојниот бомбашки напад во кој се убиени најмалку 86Најмалку луѓе и повеќе од сто се ранет во саботата утрото во престолнината Анкара, велејќи дека тоа е удар врз единството и мирот.
Најмалку 86 луѓе загинаа во двете експлозии кои ја потресоа Анкара на влезот на главната железничка станица пред почетокот на протестот за мир на кој повикаа синдикатите и невладините организации, изјави турскиот министер за здравство Мехмет Мујезиоглу шест часа по нападот. На прес-конференцијата пренесувана на турските телевизии додаде дека 62 лица загинале на самото место на нападот а уште 24 починале во болниците. Околу 18 луѓе се итно подвргнати на операции а уште 28 други се во критична состојба, додаде министерот.
Во соопштението од кабинетот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган тој повикува на „солидарност и решителност како најсмислен одговор на теророт“ и вели дека оние коишто стојат зад овој напад сакаат да посеат раздор во турското општество.
Забранетата во Турција милитантна организација Работничка партија на Курдистан (PKK) ги повика своите борци да ги запрат герилските дејствија во Турција, и да дејствуваат само доколку самите бидат нападнати, објави интернет портал близок на оваа групација во саботата, три месеца откако PKK објави дека поради активностите на турските власти става крај на двегодишното примирје.
Новинската агенција Firat извести дека челник на PKK изјавил дека таквата одлука е донесена како одговор на повиците во и надвор од Турција, како и дека курдските борци ќе ги избегнуваат акциите коишто би можеле да спречат одржување на „чесни и праведни избори“ на 1-ви ноември.
Објавата следуваше и е директно поврзана со двете експлозии во Анкара во коишто главни жртви се приврзаниците на прокурдските и левичарските партии и движења. Турската влада го квалификуваше инцидентот како терористички напад.
Турската прокурдска опозициска Демократска народна партија (HDP) објави дека нејзините членови биле цел на нападот и предупреди дека бројот на жртвите може да расте имајќи предвид дека повеќе од 120 луѓе се тешко повредени
„Веднаш по почетокот на поворката, околу 10.04 часот, се случија два бомбашки напада во поворката на HDP. Оттаму, јасно е дека главната цел на нападот беше партијата. Многу луѓе се тешко повредни, затоа стравуваме дека бројот на загинатите може да расте“, соопштија од партијата.
Нападот во Анкара остро го осуди и НАТО, оценувајќи дека „нема оправдувања за таквиот грозен напад на луѓе кои протестираа за мир“.„Сојузниците во НАТО остануваат обединети во борбата против тероризмот“ истакна во соопштението генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Убиен работник од Украина во Славонски Брод
Во центарот на Славонски Брод во попладневните часови е пронајдено машко тело.
Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот.
Се работи за млад градежен работник од Украина. Конфликт се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).
Полицијата соопшти дека телото на мажот е пронајдено во куќата околу 15:17 часот и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.
Регион
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ го откажал полномошното на адвокатот
Небојша Живановиќ, адвокатот на Радослав Д., таткото на Дејан Д., кој е осомничен за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, за Танјуг изјави дека неговиот клиент го откажал полномошното.
Радослав Д. е осомничен дека му помогнал на својот син да го премести телото на девојчето од депонијата на засега непозната локација.
Со оглед на тоа што го откажал полномошното на избраниот бранител, сега треба да му се определи бранител по службена должност на Радослав Д.
Биолошкиот брат на осомничениот Дејан Д., Далибор Д., почина на 7 април во Полициската станица во Бор, каде беше осомничен дека му помогнал на својот брат да го скрие телото на двегодишното девојче.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а полицијата по 10-дневна потрага и детални проверки и информации ги уапси Срѓан Ј. и Драган Д. од Бор, кои се осомничени дека го удриле девојчето со автомобил, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот на автомобилот и го однеле на депонија.
Телото на девојчето се уште не е пронајдено.
Регион
Никола Роквиќ тргна пеш на пат долг 1.150 километри на хумана мисија
Никола Роквиќ пеш тргна кон Грција и треба да помине 1.150 километри, а сето тоа во хуманитарна мисија.
Тој и неговата сопруга Бојана неодамна ја основаа „Фондација за семејство“, а за да им помогне на оние на кои им е потребна помош, реши да направи неверојатен чекор достоен за восхит.
Треба да стигне до Егина, каде што ќе се поклони на Свети Нектариј Егински. Пред заминувањето тој со семејството ја посети црквата Свети Сава каде се помоли.
„По овој пат решив да тргнам од љубов кон луѓето и се надевам дека ќе биде за радост на многумина, се надевам дека ќе биде за радост на многумина, се надевам дека ќе биде за помош на многумина. Првенствено да помогнам на многу семејства, на многу деца, но најважно да им помогнам на болните деца, поради што во голема мера го започнав ова патување. Започнавме фондација која ќе му помага на семејството, која ќе помага на талентирани деца, на многудетно семејство, но и на болни деца“, изјави Никола во храмот Свети Сава за „Телеграф“.
Никола последниве месеци се подготвуваше за овој потфат со големи планинарски тури.