Регион
IS и преку аудио порака објави дека Салопек е убиен
Милитантната организација Исламска држава (IS) во четврток објави и тонски запис со тврдење дека го убиле хрватскиот државјанин Томислав Салопек, еден ден откако објави фотографија од безживотното тело на Салопек.
„Во Вилаетот (покраината) Синај војниците на калифатот го убија хрватскиот заложник чија земја учествуваше во борбата против Исламската држава, откако истече ултиматумот, а египетската и неговата влада го напуштија“, се вели во аудио пораката на Исламската држава.Египетското министерство за надворешни работи соопшти дека и натаму нема потврда на информацијата дека Салопек е обезглавен.Исламската држава во средата објави дека го погубила хрватскиот државјанин со отсекување на главата и на својот Twitter профил профил објави грозоморна фотографија на којашто во пустина е под знамето на оваа радикална сунитска организација во пустински предел лежи тело на кое е поставена отсечена глава, за којашто тврди дека е автентична.Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ во средата на вонредната прес-конференција изјави дека не може со стопроцентна сигурност да потврди дека Салопек е убиен, но дека стравува дека тоа се случило.Триесет иедногодишниот Салопек беше киднапиран на 22-ри јули југозападно од египетската престолнина Каиро. Минатата седмица египетскиот огранок на Исламската држава се закани дека ќе го убие во рок од 48 часа ако не бидат ослободени муслиманските жени од египетските затвори.Томислав Салопек е прв хрватски државјанин кој е киднапиран во некоја странска земја, а неговото убиство, ако се потврди, е првото убиство на некој странски државјанин коешто го извршила Исламската држава во Египет./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.
Регион
Словенечката опозиција бара истрага за случаите со крадење бебиња во Југославија: „Можеби се продадени повеќе од 20.000 деца“
Опозициските партии во Словенија поднесоа барање за парламентарна истрага за потенцијалното учество и одговорност на јавните службеници во случаите на кражба на деца во таа земја во периодот од 1965 до 1991 година, изјави денеска пратеничката на Словенечката демократска партија (СДС) Аленка Јерај.
„Во таканаречената трговија со бебиња, којашто се случуваше воглавно во 70те и 80те години во поранешна Југославија, повеќе од 20.000 деца можеби се продадени“, рече Јерај и додаде дека се соработува со српските друштва за овие случаи, пренесе СТА.
Овој проблем минатата година словенечкото здружение на родители на украдени деца го презентираше до собраниската Комисија за претставки, човекови права и еднакви можности со пропратна документација, а министерката за внатрешни работи Татјана Бобнар тогаш вети дека надлежните служби ќе направат се во нивната моќ.
Јерај изјави дека надлежните не презеле ништо, наведувајќи дека медицинскиот персонал инволвиран во неколку случаи на кражба на бебиња не бил вклучен во полициската истрага, а полицијата не ја презела документацијата од здружението на родители.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб претходно оваа недела истакна дека 45 од 59 случаи на сомнителни кражби на бебиња се веќе затворени.