Регион
Јанша: За миграциската криза одговорноста е на Германија и ЕУ
Челникот на опозицијата во Словенија и поранешен премиер Јанез Јанша изјави во понеделникот дека за сегашната миграциска криза е одговорна и Германија која со својата политика поттикнала стотици илјади бегалци и имигранти да дојдат во неа, па сега би требало да им помогне на земјите коишто се наоѓаат на ткн „балканска рута“ кои се среќаваат со тешкотиите од бегалскиот бран со тоа што својата граница за имигрантите уште извесно време ќе ја држи отворена.
Од друга страна, и Европската унија би морала да им пружи ефикасна помош на земјите низ коишто имигрантите минуваат, бидејќи во спротивно Унијата „ќе почне да колабира“, изјави Јанез Јанша на прес-конференцијата во Љубљана,
Според него, словенечката влада на премиерот Миро Церар во сегашната ситуација би требало да ја замоли германската влада да ѝ помогне да ја контролира границата со Хрватска, додека Словенија би требало да ѝ помогне на Хрватска да ја штити надворешната граница на ЕУ кон Србија и таму како поддршка да испрати словенечки полицајци.
„Во крајна линија, доколку биде затворена германската граница, ќе биде потребно границите да се штитат со војска и со физички огради, па за тоа уште отсега треба да се подготвува“, смета Јанша.
Неговите минатонеделни тврдења дека Германија веќе нудела помош преку својата полиција на границата со Хрватска, во понеделникот попладнето на прес-конференција ги негираше словенечкиот државен секретар во министерството за внатрешни работи, Боштјан Шефиц. Меѓутоа, Шефиц додаде дека Словенија разговара со некои држави во врска со можната помош во заштита на својата јужна шенгенска граница, доколку тоа биде потребно.
„Владата не размислува за поставување огради на границите, бидејќи тоа самото посебе не значи заштита, доколку зад оградата нема многу војска, а границата со Хрватска е долга 670 километри и со многу малку природни пречки“, рече Шефиц.
Повтори дека е недозволиво тоа што Хрватска доведува преголем и недоговорен број имигранти на границата со Словенија, што го нарече тактика на „пробивање на границите“.
Словенија состојбата на својата јужна граница сé уште добро ја контролира со користење на полицијата, но доколку сегашните трендови на доаѓање на бегалците продолжат, веројатно ќе треба да се активира и војската, смета Шефиц, кој е главен координатор за имигрантскиот бран во меѓуресорската група која ја формираше премиерот Церар.
За претпоставувањата дека Германија во скоро време би ги затворила границите за имигрантите, Шефиц изјави дека станува збор за „апсолутно неофицијални“ информации за кои нема никакви официјални потврди./крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.