Регион
Милановиќ: Србите се „шака јада“, а БиХ е „биг шит“
Србите се „шака јада, мал народ, а БиХ не е држава туку, „биг шит“, вели лидерот на Народната коалиција на претстојните вонредни парламентарни избори, поранешен премиер и сегашен кандидат за премиер на Хрватска, Зоран Милановиќ на состанокот со хрватските воени ветерани на којшто разговараа за српскиот Закон за универзална јурисдикција за воени злосторства.
Хрватскиот дневен весник „Јутарнји лист“ на интернет страницата објави аудио снимки од состанокот кој бил тајно сниман и на којшто Милановиќ кажува навреди за Србите и за Босна и Херцеговина.Бранителите повикуваат на разум и покрај негативниот став на Милановиќ. За време на својот мандат Милановиќ немаше добри односи со бранителите, но во оваа кампања се чини дека сака да воспостави со нив подобра комуникација за да освои повеќе гласови. На снимката се слуша како хрватските ветерани од него бараат смирување на тензиите со Србија и дијалог со српскиот премиер Александар Вучуќ. Милановиќ вели дека Србија не е никаква дипломатска сила, дека „Србите се мал народ, „шака јада“ и ги наговара да не одржуваат состанок со Вучиќ бидејќи тоа според него, е понижување. „Ние сме во многу подобра ситуација. Србите ја изгубија војната, ние не сме осудени во Хаг. Овој закон ја става Србија во позиција на „мал Хаг“. Ќе чекаме да бидат ранети, а потоа ќе ги блокраме преговирте“, вели Милановиќ.Освен за Србија тој зборува и за БиХ која, според него, е уште поголем проблем од Белград.Тој не е воодушевен од ситуацијата во БиХ, за којашто вели дека е „биг шит“ и се жали дека во Сараево нема со кого да се разговара. Тензиите меѓу и Хрватска и Србија почнаа по донесувањето на Законот за воени злосторства, кој и овозможува на Србија да ги уапси оние лица кои ги смета за воени злосторници на територијата на Србија. Хрватска бара повлекување на Законот и поради овој Закон се заканува дека ќе ги блокира преговорите на Србија со Европската Унија, чија членка е Хрватска./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.