Регион
Остојиќ: Луѓето можат да влезат во Хрватска, но српските возила не
Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ изјавил дека се додека Србија за бегалците не го отвори граничниот премин Хоргош, Хрватска нема да дозволи влез на возила со српски регистрации, додека пак луѓето можат слободно да влезат, пренесуваат српските медиуми.
Остојиќ појаснил дека преминот Бајаково ќе биде затворен за возилата со српски регистрации сé додека „бегалците не почнат да поминуваат и преку Хоргош“.
Хрватскиот министер во четвртокот потврди дека на Бајаково на влезот во Хрватска не пропуштаат возила со српски регистрации, освен товарни возила кои пренесуваат кршлива стока, наведувајќи дека на српските државјани, влегувањето во државата им е дозволено.
Хрватското МВР во текот на ноќта објави дека „поради потешкотии со информацискиот систем“, на граничниот премин Бајаково не се пропуштаат возила со српски регистрации, како ни државјани на Србија. Во четвртокот утрото, пак, од министерството соопштиле дека „со отстранувањето на потешкотиите во информацискиот систем, на српските државјани и странските возила им е овозможен влез во Република Хрватска“.
Министерот Остојиќ и неговото министерство пак имале различни одговори на прашањето зошто на лицата со српски пасоши им е забранет влез во Хрватска. Остојиќ рекол дека се работи за „одговор кон Србија“, додека, пак, од неговото министерство соопштиле дека во прашање е проблем со компјутерскиот систем.
Изјавата на Остојиќ дошла како реакција на неговиот српските колега Небојша Стефановиќ, кој во средата вечерта соопшти дека земјата започнала со примена на противмерки кон Хрватска, поради одлуката да ја затвори границата со Србија. Овие мерки подразбираат забрана за влез на товарни возила регистрирани во Хрватска и од било која друга земја, а кои превезуваат стока произведена во Хрватска, навел Стефановиќ.
Тој прецизирал дека тоа се однесува на сите гранични премини и дека претставува прв од пакетот на владини мерки, како одговор на „економската агресија на Хрватска“. Стефановиќ истакнал дека Србија е подготвена во секој момент да ја укине оваа одлука, доколку Хрватска постапи по правилата на ЕУ и овозможи товарен сообраќај на возилата не само од Србија, туку и од другите земји./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.