Регион
Во Србија уапсени лица за илегални активности кон Црнa Гора
Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави во понеделникот вечерта дека во Србија се уапсени лица поради нелегални активности поврзани со територијата на Црна Гора, вклучително и следење на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ откако црногорската полиција објави дека на денот на парламентарните избори на 16-ти октомври уапсила дваесетина државјани на Србија осомничени за обид за тероризам.
Како што објави српскиот премиер Александар Вучиќ,на територијата на Србија биле подготвувани илегални активности и приведени се лица кои го следеле движењето на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ и тоа „со најсовремени уреди“.
„Надлежните органи во Србија дошле до материјални докази дека, меѓу другото, и на територијата на Република Србија се подготвувани различни нелегални активности за територијата на Црна Гора“, изјави Вучиќ на прес-конференцијата по седницата на бирото за координирање на безбедносните служби со којашто претседавал.
Вучиќ истана дека приведените лица се наоѓаат во Белград, имплицирајќи дека „постојат елементи“ на вмешаност на странски служби, „Работеле (приведените) заедно со луѓе за кои можам да кажам дека постојат елементи на странство“, рече српскиот премиер на прес-конференцијата.
„Не можев да се согласам да го премолчам ова, не можев да премолчам давање оперативни податоци на странски разузнавачки агенции. Не ми е важна цената која ќе ја платиме. Ова ниедна мала земја досега не го сторила…“, истакна Вучиќ.
Вниманието во регионот на денот на одржувањето на парламентарните избори во Црна Гора го предизвика информацијата дека на територијата на оваа земја се уапсени лица од Србија, коишто наводно подготвувале терористички активности,вклучително и грабнување на премиерот Мило Ѓукановиќ.
„Добра вест е дека во сето ова не наидовме на вмешаност на кој и да е политичар од Србија, а ниту од Црна Гора“, рече во понеделникот ноќта Вучиќ. Наведе и дека српските безбедносни служби во текот на акцијата добиле „директни признанија“,како и дека се„запленети униформи и пари“ во износ од 125.000 евра.
Вучиќ истакна дека лицата уапсени во Црна Гора не се поврзани со овој случај, како и дека државните органи во Подгорица доправа треба да ја утврдат нивната евентуална одговорност.
„Се сеќавате дека веднаш штом беа уапсени реков дека тој башибозук не можел тоа да го стори, но има кој можел“, рече Вучиќ и недоредено додаде „Знаете за кого зборувам“.
Директорот на црногорската полициска управа Славко Стојановиќ на 16-ти октомври соопшти дека во Црна гора се уапсени 20 државјани на Србија осомничени за тероризам.
Според сомневањата, тие влегле во Црна Гора и имале намера прво да преземат автоматско оружје,а потоа во текот на вечерта да изведат напади врз државните институции, полицијата и претставниците на државните органи, неисклучувајќи можен напад на високи државни функционери.
Според медиумите, меѓу уапсените е и поранешниот командант на српската жандармерија Братислав Бата Дикиќ, кој бил добар пријател токму со шефот на црногорската полиција Славко Стојановиќ и оти за 100.000 евра „глумел терорист“. Српските функционери, исто така, забележаа дека при апсењето српските државјани немале „лисици“ на рацете.
Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ коментираше дека секој државјанин на Србија треба да одговара доколку сторил кривично дело, и нагласи дека во овој момент „нема доволно информации“ за апсењата на државјаните на Србија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.