МАКФАКС

Демократска сенаторка тврди дека Трамп наскоро ќе се повлече

Демократска сенаторка тврди дека Трамп наскоро ќе се повлече
20.03.2017, 20:04

Сенаторката и членка на Комитетот за правосудство Дајан Фајнштајн, изјави дека Трамп „наскоро ќе го напушти претседателскиот кабинет“, пренесува Independent.

Таа сугерираше дека Трамп попрво ќе даде отказ, отколку да биде принуден да си замине.

Фајнштајн им се обрати на демонстрантите против Трамп во Лос Анџелес, кои сакаа да дознаат зошто Конгресот не се потруди посилно да го исфрли.

Веќе неколку коментатори предвидеа дека Трамп би можел да даде оставка. Еден од нив е Мајкл Мур, кој погрешно предвиде дека ќе даде оставка пред инаугурацијата.

Друг е Алан Личмен, наречен „професор на предвидувањата“, кој предвиде дека Трамп ќе заврши на суд, а точно ги предвиде сите резултати на американските избори од 1984 година. /крај/ин/ст

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *