МАКФАКС

Илјадници евакуирани пред циклонот „Деби“ да го погоди копното на Австралија

Илјадници евакуирани пред циклонот „Деби“ да го погоди копното на Австралија
27.03.2017, 11:11

Илјадници луѓе, вклучително и туристи, се евакуирани во понеделник откако моќен циклон почна да се приближува кон северниот дел на Австралија.

Австралиското Биро за метеорологија наведе дека циклонот „Деби“ е формиран во близина на брегот на Квинсленд, а се очекува да го погоди крајбрежјето во вторник наутро.

Како што е наведено, се очекува циклонот од актуелната втора категорија да премине во четврта категорија, со ветришта со брзина и до 260 километри, кога од Пацификот ќе премина на австралиското копно.

Жителите се предупредени да се подготват за најлошото невреме што ја погоди австралиската држава Квинсленд од циклонот „Јаси“ во 2011 година, кога беа уништени голем број куќи и земјоделски посеви. /крај/он/ст

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *