Иран бара независна истрага за хемискиот напад во Сирија

Иран бара независна истрага за хемискиот напад во Сирија

 

Претседателот на Иран Хасан Рохани во саботата повика на формирање на независна меѓународна комисија која ќе ги испита фактите за хемискиот напад во Сирија, во кој загинаа 86 лица, од кои 27 деца, пренесуваат светските агенции.

 

Рохани рече дека комисијата не смејат да ја водат Американци и дека таа мора да биде „непристрасна во работата“. Тој додаде дека неутралните земји треба да утврдат дали во Сирија навистина се случил хемиски напад, или не.

 

Иран е сојузник на сирискиот председател Башар Ал Асад, кој САД го смета за одговорен за нападот. Асад, пак, инсистира дека неговите сили никогаш не користеле хемиско оружје.

 

САД во петокот испрати 60 ракети „томахавк“, од два брода во источниот дел на Средоземјето, кои ја погодија воздухопловната база Шаријат од која полетуваат сиријските воените авиони за кои постои сомневање дека ги фрлиле хемиските отрови./крај/мф/ем