МАКФАКС

Казахстан ги намалува овластувањата на претседателот

Казахстан ги намалува овластувањата на претседателот
06.03.2017, 09:04

Парламентот на Казахстан во понеделник го прифати пакетот уставни амандмани со кои се ограничуваат претседателските овластувања во полза на пратениците и владата, мерка која би можела да помогне во можната политичка транзиција.

Претседателот Нурсултан Назарбаев веќе ги поддржа предложените промени, а тие ќе бидат озаконети кога ќе ги потпише амандманите кои парламентот ги одобри во второт и конечно читање.

Казахстан, земја извозник на нафта, е единствената од поранешните советски републики во која на власт е лидер од комунистичкиот период. Назарбаев(76) сè уште не го одреди својот наследник, а таа несигурност создава загриженост кај инвеститорите.

По реформите, претседателот повеќе ќе се занимава со стратегиски прашања, надворешната политика и со државната безбедност, а ќе служи и како политички арбитар. /крај/хн/ст

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *