Се појави снимката од стримoт од напукнувањето на браната во Калифорнија

Се појави снимката од стримoт од напукнувањето на браната во Калифорнија

На сервисот за видео материјали YouTube се појави видеото од камерата за надзор преку којашто постојано директно се следат случувањата на највисоката брана во САД, во близина на градот Оровил, во сојузната држава Калифорнија.

 

Гувернерот Џери Браун воведе вонредна состојба во Калифорнија, а во состојба на целосна готовност се ставени 20.000 војници. Евакуирани се речиси 190.000 луѓе од населбите Мерисвил, Оливхерст, Витленд, Лајв Ок, Пламас Лекј, Гридли, Оровил, Јуба сити.

Портпаролот на Пентагон, Џеф Дејвијс, изјави дека доколку е потребно министерството ќе им помогне на властите на оваа сојузна држава. Како што појасни, станува збор за давање помош во авиони, воздушни следења на состојбата и згрижување на загрозените и на настраданите.

Се стравува дека браната може целосно да попушти поради ерозијата на главните и помошните каскади, предизвикани од обилните поројни дождови. За спречување на несреќата, властите се обидуваат да го намалат нивото на водата во езерото Оровил, преку испуштање кое се зголеми на 2.800 кубни метри вода во минута.

Земји од целиот свет, кои имаат искуства со вакви гигантски брани, како Кина и Русија, веќе ја понудија помошта на своите експерти.

Браната во Оровил е градена од 1962 до 1981 година, и со своите 230 метри е највисоката во САД. Втората е брната Хувер на границата меѓу државите Невада и Аризона со 221 метар.

Според локалниот портал Oroville Mercury, екологистите ги предупредувале калифорниските власти барајќи да се обрне внимание на состојбата на браната уште пред 10 години. Групацијата составена од трите организации – Friends of the River, Sierra Club и South Yuba Citizens League, барала преливникот на браната да биде од армиран бетон а не да само да остане земјен рид.

Меѓутоа, откако Федералниот оддел за управување со водни ресурси одговорил дека таквите измени не се неопходни, администрацијата на поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш помладиот го отфрлила проектот.

Најголемата трагедија во современата историја во уривање на брана е катастрофата со браната Банцјао во Кина во август 1975 година. Според официјалните податоци тогаш загинале 26.000 луѓе, но според независните податоци бројот на жртвите се движи меѓу 100 и 230 илјади луѓе./крај/мф/сн

 

https://www.youtube.com/watch?v=NanEPQYZ5XU