Смртна казна за масакрот во црква во Јужна Каролина

Смртна казна за масакрот во црква во Јужна Каролина

Дилан Руф е осуден на смртна казна поради расно мотивираното убиство на деветмина Афроамериканци во една црква во Јужна Каролина, објави БиБиСи.
Руф кој не се покајал за делото и кој пред поротата изјавил дека морал да го направи тоа бил обвинет по 33 точки, вклучувајќи ја и расната нетрпеливост. Тој во 2015 година убил деветмина кога започнал да пука во група на верници во црквата.

„Чувствуват и тогаш, а и сега, дека тоа морам да го направам“, рекол Руф.

Пред да ја донесе одлуката поротата расправала три часа.

Масакрот во црквата во Јужна Каролина предизвика шок во јавноста и ја покрена дебатата за односот кон расисзмот и користењето на знамето на Конфедерацијата во таа држава.

Поради оваа трагедија донесена е одлука, знамето на Конфедерацијата, по 50 години да биде тргнато од зградата на парламентот. крај/мф/нц