Спасени преку 40 мигранти во Егејот после повикот за помош

Спасени преку 40 мигранти во Егејот после повикот за помош

Четириесет и еден мигрант биле спасени од брод во јужниот дел на Егејско море по преттходно упатен повик за помош, соопшти грчката крајбрежна служба, додавајќи дека сите ќе бидат пренесени до Пиреја.

Авион на крајбрежната служба го забележал бродот во текот на операција на потрага и спасување на јужниот брег на островите Китир и Антикитир. Патниците биле преместени во товарен брод што се наоѓал во непосредна близина.

Потрагaта започнала кога грчките власти добиле повик за помош од еден од патниците преку итна телефонска линија, пренесува агенцијата AP.

Грција беше главно место за влез на мигранти на пат кон земјите на ЕУ пред да биде постигнат договор ЕУ-Турција со кој се ограничи доаѓањето на нови мигранти. Повеќето мигранти преку Турција влегуваа во Грција и се упатуваа до источните егејски острови. крај/мф/вс