Средба на шефовите на дипломатиите на САД и Кина

Средба на шефовите на дипломатиите на САД и Кина

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон и кинескиот министер за надворешни работи Јанг Џиечи разговарале во вторникот за подобрува и задржување на „заемно корисните економски односи“ , меѓу САД и Кина, соопшти американскиот Стејт департмент.

Тилерсон и Јанг ја потврдиле важноста од редовните состаноци на високо ниво меѓу двете земји во текот на нивната средба во Вашингтон, а разговарале и за севернокорејската нуклеарна програма.

Двете земји сакаат да ги подобрат односите откако американскиот претседател Доналд Трамп веднаш на почетокот од својот мандат ја нападна Кина околу низа прашања, од трговијата па до нејзините амбиции во Јужнокинеското Море.

Јанг се средна со Трамп во понеделникот во Белата куќа и темата на нивните разговори биле заедничките безбедносни интереси и можната средба на американскиот со кинескиот претседател Кси Џинпинг, изјавил за Reuters висок функционер од американската администрација.

Во вторничното соопштение на Стејт департментот се наведува дека Јанг го поканил тилерсон да го посети Пекинг./крај/мф/сн