МАКФАКС

Трамп „омекна“ кон новинарите, Стејт департментот продолжи со редовните брифинзи

Трамп „омекна“ кон новинарите, Стејт департментот продолжи со редовните брифинзи
08.03.2017, 13:26

 

Американскиот Стејт департмент во вторникот продолжи со редовните брифинзи за новинари, по пауза од 45 дена, пренесуваат американските медиуми.

 

Десетици новинари и камермани во вторникот влегоа во зградата на Стејт департментот, на првиот брифинг откако американскиот претседател Доналд Трамп официјално стапи на должноста.

 

Првата конференција беше одржана од страна на портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер, кој беше портпарол и за време на претходната администрација на поранешниот претседател Барак Обама.

 

Стејт департментот се најде на мета на критиките од страна на американската медиумска јавност откако ниедна конференција за новинари не беше одржана по стапувањето на Трамп на власт на 20-ти јануари годинава, што според медиумите претставува најголема пауза во последните 50 години од минатиот век.

 

Последната прес-конфеенција во министерството беше одржана на 19-ти јануари, последниот ден од власта на Обама. Претставниците на Стејт департментот и од тогаш беа достапни за новинарите, но со забелешки дека изостануваат официјалните брифинзи кои се важни и за странските влади.

 

Тонер, кој официјално го најави продолжувањето на редовните конференции за новинари, изјави дека државниот секретар Рекс Тилерсон, кој досега беше доста дискретен и во сенка поради редовните обраќања на Трамп преку социјалната мрежа Твиер, сега „ќе биде доста политички активен“./крај/мф/бс

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *