МАКФАКС

Трамп опседнат со тоа како се облекуваат луѓето кои работат за него

Трамп опседнат со тоа како се облекуваат луѓето кои работат за него
03.02.2017, 09:41

Новиот претседател на САД, Доналд Трамп, е окупиран со тоа како се облекуваат луѓето кои работат за него, пишуваат американските медиуми.

Веќе се знае дека бил бесен на Шон Спасер, неговиот секретар за медиуми и комуникации, поради неадекватниот, според негово, костум што тој го носел на првата конференција за печат.

Според извори кои работеле во изборната кампањата на Трамп, тој сакал претставничките на поубавиот пол кои работат за него „да се облекуваат како жени“, додавајќи дека „иако се во пантолони мора да бидат дотерани и уредни“.

Жените кои работеле за кампањата чувствувале притисок дека мора да бидат облечени во фустан за да го импресионираат Трамп, пишува Bloomberg.

И мажите не биле поштедени, па морале да се облекуваат складно, во една боја, да имаат правилно држење на телото и да бидат уредни и дотерани. Тие требало да носат кравати како неизбежен детал.

Стив Бенон, директорот на кампањата на Трамп, а сега член на одборот на Советот за национална безбедност изгледа дека е исклучок на ваквите правила. крај/мф/вс

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *