Турција го повика германскиот амбасадор поради забраната за митинг

Турција го повика германскиот амбасадор поради забраната за митинг

Турските власти го повикаа германскиот амбасадор во Анкара во знак на протест против укинувањето на јавен говор на турски министер во еден германски град.

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг требаше да им се обрати на иселениците во Гагенау во поддршка на контроверзните реформи на претседателoт Реџеп Таип Ердоган. Но, локалните власти ja повлекле дозволата за митинг, со образложение дека планираната локација не е доволно голема, пренесува BBC.

Турските власти минатата недела уапсија германско-турски репортер, што донесе затегнување на односите. Дениз Јуџел, кој работи за весникот Die Welt, е обвинет за поттикнување на терористичка пропаганда и поткопување на турската влада.

Голем број турски писатели и новинари беа уапсени во текот на големата операција што следеше по неуспешниот државен удар против Ердоган во јули 2016 година.

Одлуката да се повика германскиот амбасадор на разговор беше донесена од страна на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавосоглу, објави агенцијата Reuters, цитирајќи извори од министерството.

Амбасадорот Боздаг ја откажа планираната посета на Германија, каде што требаше да се сретне со неговиот германски колега.

„Неприфатливо е германските власти, кои постојано ни држат предавања за човекови права, демократија, владеење на правото, слобода на говорот … да не толерираат митинг организиран од страна на турската заедница”, рече турскиот министер.

Лоаклните власти во Гагенау изјавија дека дозволата за митинг се повлекува поради просторот.

„Бидејќи за настанот сега се знае во целиот регион, градот очекува голем број на посетители”, потенцираа локалните власти во соопштението.

Боздаг, на митингот требаше да одржи ги образложи планираните реформи во државата, за кои ќе се гласа на референдум, односно да ги поттикне припадниците на турската заедница во германскиот град за поддршка на контроверзните предлози на Ердоган за поголеми овластувања на претседателската функција.

Турските власти велат дека промените ќе придонесат кон поголема стабилност, додека пак противниците велат дека реформите ќе го зацементираат правилото „човек-власт“ во земјата.

Турски граѓани кои живеат во странство имаат право да гласаат на референдум за ова прашање во април.

Во Германија живеат неколку милиони луѓе со турско потекло. крај/мф/вс