МАКФАКС

УНИЦЕФ: Речиси 1,4 милиони деца заради глад се во непосреден ризик од смрт

УНИЦЕФ: Речиси 1,4 милиони деца заради глад се во непосреден ризик од смрт
21.02.2017, 19:14

Фондот на Обединетите нации за деца(УНИЦЕФ) предупреди во вторник дека речиси 1,4 милиони деца се во „непосреден ризик од смрт“, бидејќи глад се заканува на делови од Јужен Судан, Нигерија, Сомалија и Јемен.

Владата на Јужен Судан објави во понеделник дека недостиг на храна владее во области од оваа земја разорена од тригодишна војна и дека за речиси од половината население е потребна помош во храна.

УНИЦЕФ со месеци предупредува на тешката неухранетост на населението на североистокот на Нигерија, посебно во подрачјата каде што делува терористичката група Боко харам.

Агенцијата проценува дека во Нигерија речиси 500.000 деца ќе се соочат со смртна опасност заради глад.

Како што наведе УНИЦЕФ, суша има во Сомалија, додека во Јемен беснее војна, заради што без храна се речиси половина милион деца. /крај/он/ст

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *