Контакт

Вести

Ердоган ја предупреди Русија „да не си игра со оган“

Објавено пред

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја предупреди во петокот Русија „да не си игра со оган“ во контекст на растечката криза меѓу Москва и Анкара по соборувањето на рускиот бомбардер во вторникот од турски ловци во областа на сириско-турската граница во сé уште нејасни околности кога и двете страни тврдат дека инцидентот се одиграл во турскиот односно во сирискиот воздушен простор, а наведе и оти турските власти не знаеле дека станува збор за руско летало, како и дека сака средба со Владимир Путин за намалување на тензиите.

dobivaj vesti na viber

„(Рускиот претседател Владимир) Путин рече дека ’оние коишто имаат двојни стандарди си играат со оган’. Целосно се согласувам со него“, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во петокот во северната турска покраина Бајбурт, пренесува турскиот дневен весник Hurriyet.

„Навистина поддршката на (сирискиот претседател Башар ал-) Асад, кој уби 380.000 луѓе, е играње со оган. Напаѓањето на (вооружените сунитски) опозициски групи, кои имаат меѓународен легитимитет со изговор дека се бори против Даеш (арапски акроним на сунитската џихадистичка групација Исламската држава во Ирак и Шам/Левантот – ISIL) е играње со оган. Користење на инцидентот во кој исправноста на Турција е прифатена од целиот свет, како изговор да се мачат нашите граѓани…., е играње со оган. Неодговорното напаѓање на камионите во регионот (во Сирија), кои таму се за тргување или од хуманитарни причини, е играње со оган. Искрено ги советувам Русите да не си играат со оган“, додаде Ердоган.

Потсети дека инцидентот било „трето прекршување“ на турскиот воздушен простор и остана на тврдењето дека рускиот авион е соборен откако го повредил воздушниот простор на неговата земја.

„Нарушувајќи го нашиот воздушен простор авионот беше соборен од нашите F-16. И покрај десетината предупредувања, авионот продолжил да се движи кон нашата граница, а неговата припадност беше непозната. Во согласност со правилата за реагирање во вакви ситуации авионот беше соборен. Дури потоа се дозна, дека авионот бил руски…“, рече Ердоган пред своите приврзаници.

Истакнал и дека „првото нарушување на границите беше на 3-ти и 4-ти октомври“. „Ова беше трета повреда (на воздушниот простор на Турција). По претходните инциденти, му се јавив на претседателот Владимир Путин кој рече дека тоа не е добро. Разговаравме (со Путин) и на самитот на Г20. Тој предложи на тоа да се гледа како инцидент со гости. Му реков дека неканети гости не се потребни“, раскажа турскиот претседател

Турскиот претседател, исто така, изрази подготвеност да се сретне со рускиот колега за време на претстојниот самит за климата во Париз, со цел да најдат заеднички јазик и да се избегне натамошна ескалација на тензиите. Меѓутоа, претходно во петокот портпаролот на Путин соопшти дека Москва не планира средба на двајцата челници во Париз следната седмица, а Путин неколкупати повтори дека очекува извинување за соборувањето на рускиот бомбардер што го оцени како непријателски акти од земја којашто Русија ја сметала за многу блиска.

Во продолжение од говорот Ердоган истакна дека Анкара не сака да ги расипува во односите со Москва. „Сакам со руското раководство да разговараме за ситуацијата. Наскоро ќе се одржи форумот во Париз, претседателот Путин мислам дека таму ќе се појави лично. Можеме да разговараме за сите прашања меѓу нас. Сакам да остварам средба…“, рече и додаде. „Кризата во односите може да ги израдуваат некои, но штетите ќе ги трпат двете страни“, порача Ердоган.

Турскиот претседател ги оценува како неприфатливи изјавите на Путин по средбата со францускиот претседател Франсоа Оланд во четвртокот вечерта во Москва, кога рускиот челник повтори дека со турското соборување на рускиот авиони на Русија ѝ е „зариен нож в грбот“ во борбата против тероризмот, и оти тој е резултат на „поддржувачите на тероризмот“.

„Меѓудржавните односи не се детска играчка. И јас очекувам дека Русија ќе ја покаже својата државна позицијата“, рекол Ердоган.

„Турција никогаш никому не му нанесла удар одзади. Таа секогаш настапувала лице в лице. Ситуацијата со повредата на нашите граници ќе си тече по својата линија, ќе бидат испитани сите детали. Но не ми се допаѓа почетокот на клеветничката хајка против Турција и појавата на закани за нашите односи. Сакам за тоа да разговарам со Владимир Путин“ рече Ердоган додавајќи дека на можната средба „ќе ја изрази својата загриженост не неоправданоста за ескалацијата на ова прашање“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија2 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот конечно го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека...

Свет2 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија3 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на Претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет3 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија3 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Започна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот, кога се затвораат избирачките места....

Свет3 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија17 часа

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија18 часа

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија19 часа

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија20 часа

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија22 часа

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија22 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија22 часа

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија24 часа

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија24 часа

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...

Македонија24 часа

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу бргу од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

„Вчера во Аеродром и Гази Баба ја повикав албанската опозиција на обединување против оваа власт и изразив јавна намера дека...

Македонија1 ден

„Кафеански озборувач, политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво“, Филипче најави тужба за клевета

„Политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво, но не сум изненаден од речникот. Сепак, морам да признаам дека...

Европа1 ден

(Видео) Драма во Русија: три лица загинаа во пожар во фабрика во Воронеж

Руското Министерство за вонредни ситуации денеска соопшти дека три лица загинале во пожар во индустриска зграда во Воронеж, на југозападот...

Европа1 ден

Орбан предупредува: Во Европа владее воено расположение, Брисел си игра со оган

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Европа е расположена за војна, дека се подготвува за војна и дека во...