ВМРО-ДПМНЕ: Заев сега ги нуди истите субвенции за кои нè напаѓаше кога беше во опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Заев сега ги нуди истите субвенции за кои нè напаѓаше кога беше во опозиција

Очигледно срамот е непозната категорија за Зоран Заев бидејќи да ја познаваше оваа категорија  немаше пред странските инвеститори да го нуди истото она за што толку многу ја напаѓаше владата на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа се субвенции за гринфилд и браунфилд инвестиции. Оттука Заев треба да ѝ се извини на ВМРО-ДПМНЕ за сите невистини, напади и неосновани критики за субвенциите кои сега токму тој ги нуди пред словенечките инвеститори, велат од ВМРО-ДПМНЕ по повод изјавите на премиерот Зоран Заев дадени на средбата со словенечките стопанственици.

„Околу неговото тврдење дека владата на СДС креирала добри бизнис-услови прашуваме што презема за добра бизнис-клима и кој инвеститор го препозна тоа  во последните 6 месеци. Одговорот е нула добри мерки за бизнис и нула странски инвестиции. Добра бизнис-клима не се гради со зголемување на даноците, зголемување на акцизата за нафта, зголемување на персоналниот данок, како и зголемување на данокот на добивка, кои кажа дека ќе ги преземе владата на СДС. Нови работни места не се отвораат со непријателски однос спрема странските инвестиции како што гради владата на СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека во делот на странски инвестиции владата на СДС доживува вистинско фијаско и дека досега резултатот е нула странски инвестиции