МАКФАКС

Бразилскиот претседател поради духови се исели од резиденцијата

(Палатата Алворада во Бразилија е официјалната резиденција на претседателот на Бразил/Getty)

Бразилскиот претседател поради духови се исели од резиденцијата
13.03.2017, 14:30

Бразилскиот претседател, Мишел Темер со семејството се одлучил да ја напушти неговата службена резиденција во бразилската престолнина Бразилија поради лошите вибрации и духовите, пишуваат тамошните медиуми.

 

Со младата, 33-годишна сопруга Марсела и седумгодишниот син, 76-годишниот бразилски претседател Мишел Темер има намера од раскошната Алворада, која ја изгради славниот бразилски архитект Оскар Ниемејер, да се пресели во помала резиденција.

Двојката се одлучила за селењето, бидејќи во споменатата резиденција не се чувствуваат пријатно.

„Почувствував нешто многу необично. Не спијам добро во таа палата од првиот ден. Енергијата во неа е многу лоша“, вели претседателот Темер за весникот Veja.

„Но и Марсела почувствува слично лошо вибрирање, па се запрашавме: дали тука има духови? Само на нашиот син Мишелзињо ништо не му пречи и многу сака да трча од едниот крај на платата на другиот“, оддава Темер.

Весникот Globo пишува дека Марсела Темер во резиденцијата неодамна повикала и свештеник за од палатата да ги истера злите дуси, но ни тоа не помогна.

Семејството Темер ќе се пресели во елегантната палата Жабура во којашто живееле додека ја извршуваше функцијата потпретседател./крај/мф/сн

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *