Дакота со секси стајлинг на премиерата на „Fifty Shades Darker“

Дакота со секси стајлинг на премиерата на „Fifty Shades Darker“

Актерката Дакота Џонсон ја покажа својата занесност на премиерата на филмот „Fifty Shades Darke“ (Педесет нијанси потемно), во Лос Анџелес.

Дакота на црвениот тепих се појави во елегантен фустан, но исто така и многу провокативен, заради длабокото деколте под кое не носеше градник.

Ќерката на актерката Мелани Грифит и Дон Џонсон гордо позираше на црвениот тепих, а од неа не можеше да го тргне погледот ниту Џејми Доман, нејзиниот колега од филмот.

Ова е втор дел на популарната филмска франшиза, настаната по истоимениот еротски роман. Последниот дел на трилогијата во кината ќе пристигне најверојатно следната година.

Дакота неодамна во едно интервју рече таа и Џејми многу се зближиле во текот на снимањето на филмот, така што снимањето на сцените со секс овој пат не ѝ паднале тешко како во првиот дел. /крај/мф/вс