Жените се почесто патуваат сами

Жените се почесто патуваат сами

Кому му треба машко друштво за на одмор? На овој начин размислуваат се повеќе жени, кои се подготвени светот да го истражуваат сами и кои се повеќе уживаат во соло одморите, отколку во летувањето со партнерот, покажуват резултатите од едно истражување.

Веројатно инспирирани од книгата „Јади, моли се, уживај“ се повеќе жени бараат еднокреветни соби во хотелите, при што е забележан пораст на барањата за резервација на хотелски соби исклучиво за жени. Овој тренд ги поттикна хотелите, да воведат понуди со женски катови и соби со „повеќе естроген“, односно со женски списанија, уреди за исправувње на косата и слично.

На пример „Small Luxury Hotels of the World“ бележи пораст на бројот на жените, кои бараат еднокреветна соба или апартмант, особено во САД, Велика Британија, Кина и Австралија.

Минатата и предминатата година тој пораст изнесуваше дури 53 отсто. Побарувачката за еднокреветни соби во малите луксузни хотели во САД и Велика Британија е во пораст меѓу соло патниците и од двата пола.

А Австралија беше следната најпопуларна дестинација за соло патниците, но најголем пораст на гости кои патуваат сами е забележан в Хонг Kонг.

Истовремено минатата година Франција беше единствената земја во која е забележан пад на бројот на сингл патниците (регистрирани се шест илјади ноќевања помалку).

– Ширум светот, каде што имаме хотели, не само што е забележан поголем број на жени, кои сами патуваат, туку тие и подолго се задржуваат во хотелот, во однос на претходните години.
Жените се голем потенцијал за туристичката индустрија, па во согласност со тоа им се посветува се поголемо внимание и им се излегува во пресрет на нивните барања, изјави портпаролот на овој ланец хотели.