Звукот на штурците може да стане минато

Звукот на штурците може да стане минато

 

Опстанокот на сите видови штурци и скакулци е загрoзен, се вели во првата сеопфатна проценка од тој вид, односно дека е загрозен опстанокот на речиси четвртина оди сите видови кои живеат во Европа.

Според податоците на Меѓународниот сојуз за зачувување на природата (IUCN) таа група инсекти се најзагрозени од сите до сега следени видови во Европа.

На стариот континент живеат повеќе од 1.000 различни видови скакулци и штурци, кои се важен извор на храна за птиците и рептилите, а нивното исчезнување може да го загрози целиот екосостав, пренесува порталот croenergo.eu.

Живеалиштата на скакулците и на штурците се загрозени од пожари, инвазивна агрикултура и од развојот на туризмот.

Жан-Кристоф Ви, заменик директор на Програмата за глобални видови на IUCN, вели дека треба да се направи повеќе за да се заштитат нивните живеалишта.

„Ако не почнеме веднаш да делуваме, звукот на штурците може засекогаш да исчезне“, предупреди Ви./крај/со/бб