Мајка и се заблагодарила на полицијата оти и ја уапсила ќерката

Мајка и се заблагодарила на полицијата оти и ја уапсила ќерката

Мајка од Флорида и испратила на полицијата порака во која и се заблагодарува што ја уапсиле нејзината малолетна ќерка, пренесува Independent.

Канцеларијата на шерифот на округот Валтон ја примил пораката на мајката откако полицијата ја уапсила нејзината ќерка заради опивање за време на пролетната екскурзија.

Шерифот Мајкл Адкинсон го објави текстот на пораката на својот Facebook профил.

„Во денешно време полицијата има многу лош углед. Па сакав да ви кажам ‘благодарам’“, напиша анонимната мајка.

„Апсењето ја престраши и се надевам дека ја научи лекцијата“, заклучи мајката. /крај/ин/ст