Мјанмар во туристичката понуда го смести и бесплатното пиво

Мјанмар во туристичката понуда го смести и бесплатното пиво

Во обид да го зголеми бројот на посетители властите во Мјанмар се одлучија на туристите да им понудат бесплатно пиво, секој дождлив ден од нивниот одмор.

На тој начин секој возрасен посетител добива по две шишиња (од по 600 милилитри) изладено пиво или сок, доколку дождот паѓа подолго од 10 минути. Понудата трае од 30 септември годинава и има за цел да се разбијат предрасудите дека Мјанмар е дождлив во тој период, заради што туристите го одбегнуваат во есен.

Посетителите можат да го остварат своето право на пиво во Баган, Мендалеј и Инл Лејк, но не и во Јангун или крајбрежните одморалишта.

Според оделни метеоролошки сајтови, во Баган во екот на сезоната на дождови, значи од јули до септември, месечно има по 10 дождливи денови, а просечната температура изнесува околу 25 степени Целзиусови. Во Инл Лејк, посетителите имаат поголеми шанси да добијат бесплатно пиво, бидејќи врне 16 дена во месецот.