Најголема градба на светот направена од дрво

Најголема градба на светот направена од дрво

Најголемата градба на светот целосно направена од дрво е руска православна црква на островот Кижи, изградена пред 154 години. Црквата е висока 37.5 метри и датира од 18- от век, а единствен метален дел на неа е ѕвоното на кулата.

Иако неодамна беше реновирана, ништо освен дрво не е употребено со цел и понатаму да остане уникатна градба.

На црквата се наоѓаат дури 22 куполи, како и 102 икони кои потекнуваат од 17 и 18-от век.

Црквата ја нарекуваат Кижи Погост по островот на кој што се наоѓа на езерото Онјега, а УНЕСКО 1990 година ја стави меѓу заштитените светски места.