Најстрашната нишалка во светот

Најстрашната нишалка во светот

Сите кои сакаат возбудувања и сакаат да го почувствуваат налетот на адреналин во цел замав, мораат да ја посетат новата нишалка која се наоѓа над реката Колорадо.

Таа е сместена на карпа на околу 400 метри над реката Колорадо, а при возење се достигнува брзина и до 80 километри на час.

Иако нишалката добила име по кањонот на реката Колорадо, од неа е оддалечена речиси 800 километри. Нишалката е дел од авантуристичкиот парк „Glenwood Caverns“ чиј сопственик е Стив Бекли.

Колку е застрашувачко возењето на овој реквизит доволно зборува податокот дека дизајнерот и сопственик Бекли само еднаш се возел на неа.

– Луѓето различно реагираат. Додека едните се престрашени, други се воодушевени однишањето. Кога првпат се возат сите врескаат. А кога ќе погледнат под себе бездна длабока 400 метри, тие се или престрашени или многу возбудени. Забавно е да ги гледаш додека се возат и ги следиш нивните изрази на лицата, рече Стив Бекли, сопственик на овој реквизит.