Пешкир отпорен на песок

Пешкир отпорен на песок

Кој не би сакал по цел ден да се излежува на плажа? Меѓутоа во еден момент на секој од нас песокот почнува да му оди на нерви.

Ќе го однесете во автомобилот, а потоа и во својата куќа или пансионот, а веројатно ќе ви прави проблеми и во некои делови од телото.

Искусувајќи ги сите маки со песокот, австралискиот љубител на плажата Баз Браун го изработи „Сандус“, пешкир отпорен на вода и песок, кој е дизајниран така што ситните честички ги држи подалеку од вашето тело.

Едната негова страна е изработена од комбинација на памук и фротир, така што потсетува на обичен пешкир, другата страна од најлон, а меѓу нив има слој од водоотпорен материјал.