Стивен Хокинг ќе патува во вселената

Стивен Хокинг ќе патува во вселената

 

На познатиот британски научник Стивен Хокинг, ќе му се исполни една од најголемите желби, откако овој 75-годишник доби понуда да патува во вселената со вселенскиот брод на фирмата Virgin Galactic.

Оваа понуда Хокинг ја доби од мултимилијардерот Ричард Брансон, а во ТВ емисијата „Добро утро Британија“ тој рече дека не сонувал дека ќе биде способен да патува во вселената. Меѓутоа, кога Брансон му понуди место на новиот вселенски брод Virgin Spaceship, Хокинг веднаш прифатил.

„Откако моите три деца ми ја донесоа најголемата радост и задоволство во животот, можам да ви кажам дека заминувањето во вселената ме прави среќен човек“, вели Хокинг.

Леталото Virgin Spaceship беше претставено минатата година во вселенското пристаниште во пустината Мохаве во Калифорнија. Интересно е што името на леталото му го даде токму Хокинг и тогаш на Twitter напиша дека би бил горд да лета со него.

Брансон порано изјави дека неговиот вселенски брод ќе ги однесе луѓето на работ на вселената. Речиси 1.000 луѓе до сега се пријавиле за вселенски летови со Virgin Galactic, иако еден билет чини 250.000 долари./крај/мф

https://www.youtube.com/watch?v=L_FDFY-SJ-4