МАКФАКС

Тинејџер пронајде дијамант од 7,44 карати

(© Фото: Courtesy Arkansas Department of Parks and Tourism)

Тинејџер пронајде дијамант од 7,44 карати
17.03.2017, 22:51

Американски тинејџер пронашол во националниот парк во сојузната држава Араканзас, дијамант од 7,44 карати, соопшти во петокот интернет страницата на паркот.

Минатата сабота 14-годишниот ученик Калел Лангфорд со своето семејство престојувале во државниот национален парк Дијамантскиот кратер, каде што многумина посетител си ја пробаат среќата трагајќи по скапоцени камења.

„Бевме во паркот само половина част, кога тој го најде дијамантот. Бојата на каменот беше многу темна, така што не верувавме дека станува збор за дијамант“, изјавил за локалните медиуми таткото на момчето.

Кога, пак, каменчето им го покажале на службениците во паркот, станало јасно дека тинејџерот го пронашол еден од најголемите скапоцени камења во целата историја на „Дијамантскиот кратер“.

Според претставник на паркот, условите за наоѓање биле идеални. Имено, обилните дождови од претходната седмица ги измиле горните слоеви на почвата и ги откриле дијамантите кои се наоѓале во горните слоеви од почвата. Дијамантот најден од момчето има големина на зрно грав и четириаголна форма.

Тинејџерот го нарекол „Дијамантот на Супермен“ и одлучил да не го продава, туку да го чува како спомен кој ќе го потсетува на посетата на паркот.

Од почетокот на годинава во овој парк се пронајдени 97 дијаманти. Најголемиот скапоцен камен најден на територијата на САД е ископан во рудник во сојузната држава Арканзас во 1924 година. Дијамантот со тежина од 40,23 крати е наречен „Вујко Сем“./крај/мф/сн

 

(© Фото: Courtesy Arkansas Department of Parks and Tourism)

No Posts Found

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *