(Фото) Во Ријад отворен центар со пет ѕвезди за дерадикализација на екстремисти

(Фото) Во Ријад отворен центар со пет ѕвезди за дерадикализација на екстремисти

Затворен базен, тераси и вработени во убави униформи се само некои од услугите што ги нуди центарот во Ријад, кој ги има сите карактеристики на живеалиште за одмор со пет ѕвезди, но всушност тоа е место за дерадикализација на џихадисти.

Удобниот комплекс наречен центар за советување и ориентација „Мохамед бен Најеф“ е симбол на контроверзната саудиска стратегија за превоспитување на џихадистите, која повеќе се потпира на идеолошко превоспитување отколку на присила, пренесува францускиот весник „Ле Фигаро“.

Центарот го водат верски претставници и психолози, а неговата цел е да ги спречи осудениците што ја издржуваат казната да му се вратат на џихадот.

„Ние сме фокусирани на коригирање на нивните погрешни сфаќања“, објаснува Јахја Абу Магхајд, директор на центарот.

Поранешните членови на Ал каеда и талибанците се сместени во ниски згради и тие може во комплексот да се движат слободно во бели костуми.