Хотел во „центарот“ на земјата

Хотел во „центарот“ на земјата

Хотелот Сала Силвергрува, во близина на Стокхолм се наоѓа 155 метри под земја. Хотелот е изграден во поранешен рудник за сребро и има неколку соби, од кои дел се наоѓаат на површината, а другите длабоко под земја.

Необичниот угостителски објект е опремен според највисоки стандарди, а располага и со луксузен апартман, сместен на самиот крај од рудникот, на 155 метри длабочина, во кој ноќевање чини 500 евра.