Забава
Зграпчувајќи ја сопругата за коса ја спаси од скок во смрт(ВИДЕО)
Жител на кинеската покраина Шанкси ја спаси својата сопруга успевајќи да ја зграпчи за косата, кога таа се обидела да скокне од покривот на една зграда пренесуваат локалните медиуми.
Инцидентот се случил во неделата во округот Шитцуан, пишува во вторникот весникот South China Morning Post. Жената во текот на расправијата со сопругот се качила на покривот на зградата и се обидела да скокне од височина од околу 20 метри. За среќа, нејзиниот сопруг успеал да ја фати за косата и ја држел така речиси три минути, додека на покривот не се качиле полицајци и му помогнале да ја подигне жената.
Во медиумските извештаи се истакнува дека мажот успеал да ја задржи жената, по што таа се фатила за испакната цевка на фасадата која ја издржала нејзината тежина.
На видеото кое го објави South China Morning Post се гледа како мажот стои на окното од прозорецот на последниот кат и ја држи сопругата за косата, собрана во „коњска опашка“. Еден од пристигнатите на помош полицајци се качува на симсот и ја фаќа жената за облеката, со што му помага на мажот да ја повлече нагоре. Колегите на полицаецот во тие моменти ги држат него и мажот за ремените, за да не се струполат заедно со неа.
„Кога стасавме на местото на настанот, видовме како мажот ја држи својата жена за косата, но неговата рака веќе почна да се лизга. Доколку пристигневме само неколку секунди подоцна човекот не ќе можеше да ја задржи сопругата и веројатно не ќе можеше да ја спаси.“, изјавил полицискиот службеник Цуо Ју, кој се се прекачил преки оградата на поривот и помогнал во извлекувањето на жената на безбедно./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.